Во декември свртени 200 милиони евра пластични пари

Bez autora
Feb 20 2014

Македонците потрошиле близу 200 милиони евра од кредитни картички во последниот месец од минатата година, кој поради новогодишните празници и еуфоричната треска важи за еден од најтрошаџиските месеци во годината. Податоците на Народната банка на Македонија (НБРМ) покажуваат дека граѓаните во споредба со просекот од претходните месеци, во декември потрошиле за околу 20 милиони евра повеќе „пластични пари“. Споредено со истиот месец од 2012 година, излегува дека македонските граѓани во декември минатата година удриле на трошење и се почестиле со 15 милиони евра повеќе. За познавачите ваквото трошење се должи, пред с`, поради опуштањето на граѓаните по кризното стискање на секој денар на картичките, а особено бидејќи банките го олабавија кредитирањето за населението во минатата година.

Во декември свртени 200 милиони евра пластични париМакедонците потрошиле близу 200 милиони евра од кредитни картички во последниот месец од минатата година, кој поради новогодишните празници и еуфоричната треска важи за еден од најтрошаџиските месеци во годината.

Податоците на Народната банка на Македонија (НБРМ) покажуваат дека граѓаните во споредба со просекот од претходните месеци, во декември потрошиле за околу 20 милиони евра повеќе „пластични пари“. Споредено со истиот месец од 2012 година, излегува дека македонските граѓани во декември минатата година удриле на трошење и се почестиле со 15 милиони евра повеќе.

За познавачите ваквото трошење се должи, пред с`, поради опуштањето на граѓаните по кризното стискање на секој денар на картичките, а особено бидејќи банките го олабавија кредитирањето за населението во минатата година.

Граѓаните велат дека празниците и еуфоријата си го носат своето, па секој и покрај потребните работи сигурно набавил и низа помалку потребни ситници.

- Освен подароци за најблиските, секој сака трпезата за празниците да му биде полна. Најверојатно на тоа се должи ваквото зголемено трошење од кредитни картички - коментира скопјанката Виолета.

Иако важат за атрактивни, сепак кредитните картички се скапа играчка, односно каматните стапки кај нив се и највисоки. Така лани, со завршување на последниот месец, каматата за кредитните картички за граѓаните на ниво на банкарскиот сектор во просек изнесувала 10,9 отсто, а каматата за негативните салда 11,2 отсто, при што во текот на целата година е регистрирано благо намалување на каматните стапки за овој вид банкарски производи.

Интересен е податокот дека иако расте бројот на платежните картички, сепак граѓаните с` уште обожуваат да плаќаат во кеш наместо со „пластика“. Граѓаните најмногу ги користат за вадење пари од банкомат, а потоа услугите и стоката ја плаќаат со готови пари. Анализата на податоците покажува дека во декември годинава биле свртени 202 милиони евра на платежни картички. Дури 153 милиони евра од сите трансакции биле за подигнување готовина.

Или вредноста на подигнатата готовина со платежни картички, континуирано, не само во последниот месец од минатата година, туку и во другите, е дури три пати поголема од вредноста на трансакциите за директно купување со картички. Податоците покажуваат дека овој тренд не е од сега, туку е во континуитет во последните шест години.

Граѓаните признаваат дека полесно им е да пазарат во готово поради психолошкиот момент, дека така имаат поголема контрола на парите што ги трошат. Пензионерката Мимоза вели дека има една дебитна картичка и најчесто ја користи само за подигнување на пензијата. Има и дозволен минус од една пензија и е вџашена дека се излажала и потрошила одреден износ кој сега треба со камата да ~ го врати на банката.

- Kартичката обично те примамува да испазариш повеќе, некогаш и тоа што не ти треба, зашто знаеш дека имаш пари. Со ограничена сума пари е поинаку. Најчесто одиш со список и купуваш тоа што ти е најпотребно. Набавката што не е итна секако дека можеш да ја одложиш, а ако пазариш со картичка, сигурна сум дека ќе земеш с` - коментира таа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik